| Глобални протести против ACTA на 11 февруари |
|
|
|
| 10.02.2012 |
|
Денес „новото глобално движење за дигитална слобода“ со назив Access (пристап) ја собира целата интернет заедница со цел да се здружат силите во знак на протест со меѓународниот ден против ACTA на 11 февруари, 2012 г. „Секој ден никнуваат нови настани низ светот“ изјави аналитичарот на политики од Access – Реган Мекдоналд. „Очекуваме десетици илјади луѓе да излезат на улиците спротивставувајќи се на овој договор. Изненадени сме од одѕивот и силниот отпор“.
ACTA, за која тајно преговараа повеќе земји, нема демократски кредибилитет и може да ја загрози слободата на говорот и приватноста на интернет. Со поттикнување на интернет-провајдерите да ги контролираат своите корисници, договорот ќе ги загрози основните права на граѓаните. Кампањите против нацрт-законите SOPA и PIPA во САД се покажа како успешни, а гигантите како Гугл и Википедија во знак на солидарност им се придружија на гневните веб-активисти во протестот. Сега на ред е Европа и се надеваме дека резултатот ќе биде исто така поволен. ВИЕ треба да се подготвите за тој ден. Пренесете ја информацијата и прочитајте зошто треба да учествувате. „Ние ги поддржуваме сите што ги организираат протестите и на овој ден за акција мирно ќе демонстрираме“, изјави Мекдоналд. ЕУ неодамна објави повеќе документи на интернет спротивставувајќи се на тврдењата на активистите дека ACTA нема демократски кредибилитет и дека претставува закана за слободата на говорот и приватноста. За да апелирате до Европскиот парламент да гласа против ACTA, може да ја потпишете петицијата овде и да ги погледнете сите протести против ACTA низ целиот свет. Извор: Venturevillage.eu „February 11th named a day of ACTA protest across Europe“ Автор: Маргерит Имбер |