Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Јавната администрација треба да им се приклучи на здруженијата за слободен софтвер
Јавната администрација треба да им се приклучи на здруженијата за слободен софтвер PDF Печати Е-пошта
26.01.2012
Јавните администрации треба да станат членки на здруженијата за слободен софтвер, вели Сајмон Фипс, директор на Иницијативата за слободен софтвер (OSI). „Убаво е да се има политика, но ако не се приклучите на заедницата, немате право на глас“.

Фипс тврди дека за да имаат влијание врз развојот на слободен софтвер, јавните администрации треба да одржуваат блиски врски со заедниците за слободен софтвер. Приклучувањето кон сите групи кои работат на конкретни алатки кои се користат од јавната администрација можеби би било премногу, но тие можат да се приклучат барем на добро поврзаните здруженија како OSI, изјави Фипс.

Тој беше еден од говорниците на работилницата за јавни администрации и заедници за слободен софтвер организирана од програмата ISA (Решенија за интероперабилност за европските јавни администрации) на Европската комисија за време на Светската конференција за слободен софтвер одржана во Гранада, Шпанија, на 12 јануари.

Директорот на OSI препорачува јавните администрации кои користат OpenOffice или LibreOffice или некој од другите пакети со канцелариски алатки базирани на слободен софтвер, да се приклучат барем на групите кои се вклучени во развојот на тие алатки. „Или да обезбедат дека нивниот добавувач на LibreOffice е навистина ангажиран во оваа заедница. Во спротивно, софтверот нема да напредува“.

Конкретно, Фипс ја покани програмата ISA на Европската комисија да им се придружи на организациите како што се OSI и Фондацијата за документи. Тоа ќе и овозможи на Европската комисија да воспостави нови начини за ангажирање, да контактира со заедниците и да дефинира софтверски слободи.

Извор: Joinup „Public administrations should join open source associations“ 25 јануари, 2012.



Поврзани написи:

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5