Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Градоначалникот на Минхен: „На лаптопите во ЕУ треба да има LibreOffice или OpenOffice“
Градоначалникот на Минхен: „На лаптопите во ЕУ треба да има LibreOffice или OpenOffice“ PDF Печати Е-пошта
22.12.2011
Сите лаптопи што ги користат европските претставници треба да имаат инсталиран LibreOffice или OpenOffice, пакети со канцелариски апликации базирани на слободен софтвер.

Ова беше предлогот на градоначалникот на германскиот град Минхен, Кристијан Уде, упатен до Нели Крос, заменик-претседателот на Европската комисија и Европски комесар за дигиталната агенда, во писмото објавено од градската администрација на 2 декември.

Градоначалникот Уде сака Крос и Жоакин Алмуња, потпретседател и комесар за конкуренција, да обезбедат дека јавната администрација користи слободен софтвер, така што јавното знаење би останало пристапно во иднина“.

Како шеф на германското здружение на општини, градоначалникот на Минхен испрати писмо до Комесарот Крос со кое од неа побара „да остане посветена на употребата на отворените стандарди за електронските документи и употребата на слободниот софтвер“.

Градоначалникот ја повика Крос да ја направи задолжителна употребата на стандардите на отворени документи за сите јавни институции на ЕУ. Ексклузивната употреба на отворени стандарди осигурува дека податоците треба да останат пристапни, без оглед на софтверот што се користи за создавање на документи, пишува тој. "Сè-европската заложба за употребата на овие стандарди ќе ја олесни соработката меѓу властите во Европа, ќе го намали обемот на работа и ќе помогне да се намалат трошоците“.

Со неговиот апел Уде се спротивставува на препораката објавена во јуни од страна на меѓу-институционалниот комитет за информатика, дека институциите на ЕУ треба да продолжат да користат комерцијален формат на канцелариски документи. Ова, според Уде, ја попречува соработката меѓу државните власти.

Градоначалникот Уде ја поканува Европската комисија за пример да го земе предвид Минхен. Градот ја префрла целата ИТ-инфраструктура, апликации и канцелариска комуникација на отворени стандарди и слободен софтвер. „Користењето на слободниот софтвер ви овозможува да инсталирате иновативна и безбедна ИТ инфраструктура, нудејќи одржлив пристап до сите или голем број ИТ-апликации“.

Извор: Joinup.ec "Mayor of Munich: 'EU laptops should have LibreOffice or OpenOffice'" 20 декември, 2011.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5