| Конференција за стратешки пристап во развојот на механизмите за заштита на личните податоци |
|
|
|
| 28.11.2011 |
|
На 25 ноември, во хотелот Стоун Бриџ се одржа меѓународна конференција чија цел беше презентација на Стратегијата за заштита на личните податоци за периодот 2012-2016.
Настанот го организираше Дирекцијата за заштита на личните податоци со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и проектниот тим на ИПА 2008 проектот „Поддршка во подготовка на стратешки документи и соодветни акциски планови, вклучувајќи и истражување за свеста на медиумите за подобрена имплементација на правото на заштита на личните податоци", кој се имплементираше во периодот март-ноември 2011 година. Се разгледуваа предизвиците на институционална заштита на личните податоци и тоа од аспект на развој на потребните механизми. Покрај Стратегијата и Акцискиот план за нејзино спроведување, беше презентирано и истражувањето за свеста на медиумите за подобрена имплементација на правото за заштита на личните податоци. Двата документа, како резултат на проектот, се меѓу првите од ваков вид во Европа. Учеството на претставник од Метаморфозис на овој настан беше во знакот на досегашната соработка со Дирекцијата на повеќе проекти поврзани со приватноста. На ова претходеше анализа на стратешкиот документ од страна на Метаморфозис и испраќање на забелешките до Дирекцијата. |