| Македонија: НСНД Охрид 2011 |
|
|
|
| 30.05.2011 |
|
На 28-29 мај во Охрид ќе се одржи собир на хакери и компјутерски ентузијасти од балканот. НСНД или „Ништо нема да се случи“ е анти-конференција на која што се собираат луѓе од хаклабите и заедниците на слободен софтвер од Хрватска, Србија, Бугаријa, Албанија, Косово и Македонија. Целта на собирот кој што се одржува неколку пати во годината низ разни градови во екс-Ју државите е да се соберат на едно место луѓето заинтересирани за слободен софтвер и хакирање, да се запознаат и да ги споделат своите искуства. Како дел од овогодинешниот собир поддржан од Слободен софтвер Македонија, Фондацијата Метаморфозис и Фондацијата институит отворено општество Македонија, на првиот ден од настанот, дел од драфтерите на Националната политика за слободен софтвер ќе оддржат воведно предавање за истата и потоа ќе биде отворена дискусија поврзана со искуствата на македонската заедница инволвирана во НПСС како и странските искуства на луѓето што се занимаваат со слободен софтвер и во земјите од регионот. По завршувањето на настанот сите заклучоци од дискусијата ќе бидат јавно објавени на Интернет и слободно достапни за сите заинтересирани страни. |