Македонски
Почетна Програми е-Законодавство
е-Законодавство: Национална политика за слободен софтвер PDF Печати Е-пошта
01.04.2010

 

Проектот има за цел создавање на документ за Национална политика за слободен софтвер (со отворен код) за централната и локалната власт, според примерот на е-Хрватска, со цел да се постигне поголема ефикасност во работата на државните органи, како и зголемена транспарентност и одговорност при јавните набавки на компјутерска опрема и софтвер.

Проектот го имплементира Слободен софтвер Македонија со поддршка од Метаморфозис и ФИООМ, во соработка со Министерството за информатичко општество на РМ (МИО).

Активностите во рамките на проектот вклучуваат:

  • Формирање на Работна група од претставници на централната власт (МИО, Националниот совет за ИКТ, Генералниот секретаријат на Владата на РМ), развојниот сектор и донаторската заедница (УНДП, УСАИД, Метаморфозис/ФИООМ...), бизнис секторот (соодветни комори и фирми), граѓанското општество, традиционални и нови медиуми, како и експерти од други општествени сфери.
  • Подготовка на нацрт на Политиката од страна на Работната група и негова финализација учество на пошироката јавност во еден транспарентен процес од панели, дискусии и форуми во разни форми.
  • Усвојување на Националната политика за слободен софтвер од страна на соодветните органи на Република Македонија на предлог на МИО.


Очекувани резултати:

  • Спроведен инклузивен процес на креирање на политиката
  • Финализирана и објавена Националната политика за слободен софтвер
  • Националната Политика за слободен софтвер усвоена од релевантните државни органи

 

 

Релевантни документи:

Назад кон е-Законодавство

Тагови: NFOSSP
 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5