| Македонија: Традиционални медиуми ги демонизираат гејмерите |
|
|
|
| Напишано од Филип Стојановски |
| 24.07.2008 |
|
Два влијателни македонски медиуми, весникот Дневник и телевизијата А1, имаат објавено технофобни текстови во кои гејмерите се претставени како опасност за општеството со речник кој заличува на говор на омраза.
Ова не е прв изблик на технофобија во македонската јавност, оти разни традиционални медиуми и во минатото ги имаат претставувано компјутерџиите како закана. На пр. кога во 2002 година се јави проблем со преголеми телефонски сметки, насловите како „Граѓаните горат од жешките разговори на компјутерџиите“ вината целосно ја префрлаа на генерализирани хакери, додека можноста за пропусти од страна на телекомот беше „закопана“ длабоко во текстот. Најновиот технофобен тренд се состои од написи кои имаат скоро иста структура. Во нив прво е изложена тезата дека гејмерството го одзема времето на младите, ги прави асоцијални и агресивни, која потоа е поткрепена со изјави од анонимни гејмери, сопственици на интернет кафеа, како и на социолози или психолози кои ја потврдуваат тезата иако на тоа што немаат вршено истражувања на темата. Особено загрижувачки е употребата на стигматизирачка терминологија карактеристична за демонизирани, маргинализирани групи. На пример, во написот „Оставаат девојки и работа за да играат“ играњето се посочува како „зависност“ која доведува до „напуштени работни места, квадрирање и запоставени студии и раскинати љубовни врски“. Најалармантната теза е дека „насилните игри предизвикуваат агресија“, а гејмерите се претставуваат скоро како потенцијални убијци кои само што не „пукнале“. Сличната вест „Интернет кафулињата се преполни со гејмери“ предизвика повеќе реакции на македонскиот веб, особено на Кајмак.от. Во веста се цитира социолог кој изгледа заборавил дека децата и кога немало компјутерски игри имаат обичај да играат „каубојци и индијанци“, „камај“ или „партизани и Германци“:
Во коментар на написот на веб-сајтот на А1, Дарко Булдиоски, еден од авторите на блогот Комуникации, напиша:
Реагираше и Дамјан Арсовски, уредникот на порталот IT.com.mk, кој во написот „Македонските медиуми се преполни со глупости“ изврши вивисекција на веста, одговарајќи на секој параграф посебно.
Дури и тој остана без коментар на заклучокот од написот:
Како реакција застапникот на слободниот софтвер и блогер Арангел Ангов постави линк до скен од сличен апсурден напис од американски таблоид [EN]. Обработката на оваа тема на ваков начин е во корелација со немањето волја да се испитуваат вистинските причини за растечкиот број криминални дела без разлика на тоа што тие се доминантна тема во македонските медиуми. Ниеден стручњак се нема зафатено со објаснување на психолошките или социолошките мотиви на насилниците кои ги попречуваа јунските избори. Изгледа дека е многу полесно да се удри на гејмерите, иако досега ниеден гејмер не бил посочен како причинител на насилен инцидент. Мора да се напомене дека во истите медиуми во минатото се имаат појавено и позитивни написи за гејмери, на тема претставување на Македонија на светски натпревари во сајбер-спорт. Оригинално објавено на: Глобал војсис на македонски од Филип Стојановски
Оваа тема дополнително е обработувана и на блоговите...
Тагови: тест |