| „Приватност на интернет на лесен начин“ на ЛАН Фест |
|
|
|
| 23.05.2011 |
|
На 20-22 мај, во спортската сала „Борис Трајковски“, се одржа конференцијата ЛАН Фест, каде Фондацијата Метаморфозис беше дел од изложувачите. Овој настан е составен од повеќе поединечни настани кои им овозможуваат на изложувачите и на посетителите ефективна соработка во полето на информатичките и комуникациските технологии. Освен информативниот штанд, за време на овој тридневен настан се одржа и едночасовна проекција на 13 кратки едукативни филмчиња наменети за деца, кои се дел од проектот „Приватност на интернет на лесен начин“. Освен што можеа да ги погледнат филмовите, присутните имаа можност да постават и прашања поврзани со безбедноста и приватноста на децата на интернет.
|